Која земја во што е најдобра?
Карта на светот покажува што најдобро умеат различните нации. Таа е објавена на сајтот „Information is Beautiful", а секоја земја е одлична во нешто, без разлика дали тоа е позитивно или негативно.
Според мапата, Британија е најдобра во правење на милијардери, Јужна Африка - во предизвикување на смрт.
Бугарија исто така е одлична со најдолго породилно отсуство. Турција е број еден по наметнување цензура на социјалната мрежа „Твитер".
Перуанците се први во производството на кокаин, а Кина има голем број затворени новинари.
Меѓу позитивните примери се цитирани Австрија за најдолгите платени отсуства, Литванија за најбрз интернет и Куба за бројот на лекари.
Собраните податоци се од Светската банка и од Книгата на рекорди.
