Која земја ќе биде дестинација број еден за 2017?
Исланд беше најпопуларна дестинација за 2016 година, лани беше Тајланд, а за 2017 година број еден дестинација ќе биде Португалија.
Оваа земја на неколку листи се спомнува како дестинација број еден од различни причини.
Топлото време, убавите плажи, историјата и пристапните цени ја прават дестинација број еден.
Делови од главниот град Лисабон датираат од 9 век и има што да се види.
Некои од старите трамваи возеле низ градот уште во Втората светска војна, а билетот е 3 евра.
Друг втор по големина град е Порто на северот од земјата.
Тој е на час оддалеченост од Минхо, област позната по вино.
Слично
