Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која компанија сака да стане вториот најголем производител на смартфони во светот до 2018?

Која компанија сака да стане вториот најголем производител на смартфони во светот до 2018?

Huawei Technologies Business Group има намера до крајот на 2018 година да го надмине Apple по глобален удел на пазарот и да се претвори во вториот најголем производител на смартфони во светот. Ова го изјави извршниот директор на компанијата Ричард Ју во интервју за Wall Street Journal.

„Оваа година и следната ќе бидат клучни за нашиот успех, работиме многу напорно“, коментира тој.

Амбициите на Huawei се забележуваат јасно и од претставувањето на компанијата за време на меѓународниот технолошки саем IFA, кој се одржа во Берлин на почетокот на месецот.

На 1 септември компанијата ја откри својата нова серија смартфони nova - Huawei nova и Huawei nova plus, која има за цел да одговори на потребите на современите активни и динамични корисници.

Huawei повторно се залага многу на камерите на новите уреди - Huawei nova, кој има 5-инчен екран, нуди моќна предна 8MP камера и задна 12 MP камера. Од своја страна, Huawei nova plus има 16 MP задна камера која дава повеќе светлина, па сликите стануваат остри, чисти и со заситени бои. Уредите имаат издржлива батерија, како и читач за отпечатоци, кои ќе се достапни во три основни бои - престижна-жолта, мистично-сребрена и титаниум-сива.

Во рамките на IFA 2016 Huawei Technologies Business Group го претстави и својот нов предводник таблет со аудио и мултимедијални карактеристики од премиум класа, кои се развиени во партнерство со HARMAN International.

Уредот е со 8,4-инчен дисплеј со светли бои и поголема резолуција на сликата, а батеријата е со капацитет 5100 mAh. Таа им овозможува до 11 часа гледање FHD видео содржини, до 6 часа игра во 3D без прекин, како и до 45 часа слушање музика со едно полнење.

Акцентот тука паѓа на слушалките AKG H300, кои се специјално направени за таблетот, па ги потенцираат сите детали - од кристално високи до длабоките бас.

Слично

Поврзани вести