Која компанија го пристигна „Епл“ и стана најскапа во светот?
Компанијата „Алфабет“ (Alphabet Inc), која во себе го вклучува „Гугл“, стана најскапата компанија во светот, надминувајќи го „Епл“ со речиси 35 милијарди долари соопштија меѓународните агенции.
Скокот на цената на компанијата „Алфабет“ се случил по објавувањето на извештаите за приходите од минатата година.
Сега „Алфабет“ се проценува на речиси 570 милијарди долари, а „Епл“- на 535 милијарди долари.
Слично
