Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е поврзаноста на здравјето со вашата коса?

Која е поврзаноста на здравјето со вашата коса?

Здравствените експерти знаат дека нездравиот изглед на косата е во врска со здравјето на индивидуата и може да биде индикација за болест или лоша здравствена состојба или недоволно количество на нутритивни елементи во телото. Нагла промена во изгледот на косата, нагла промена на бојата (посивување - обелување), нагло опаѓање или проретчување, кршлива и оштетена коса може да значи дека е потребна проверка на општата здравствена состојба.

Ретчење на косата

Проретчувањето на косата не еднакво со губење на косата, но е знак за промена. Една можна причина за ова е намалена функција на тироидната жлезда. Понекогаш се проретчуваат и веѓите и потребен е лабораториско испитување за да се утврдат количините на тироидните хормони.

Губење на косата

Интензивно губење на косата на определени предели или  целосно може да биде предизвикано од потешки болести како на пример леукемија, или од други фактори како хормонски пореметувања, лекови, интензивен стрес, лоша исхрана. Понекогаш изгубената коса повторно расте назад.

Првут, псоријаза, егзема

Сите овие состојби влијаат на скалпот и се карактеризираат со интензивно паѓање на кожните клетки од скалпот во форма на минијатурни „снегулки“. За среќа постојат шампони и други средства за да се подобри состојбата на косата.

Сува и кршлива коса

Воглавно постојат три причини за оваа состојба. Првата е поврзана со користењето на фенови и пегли за коса, хемиски процеси, долга изложеност на јако Сонце. Втора причина е недостаток на протеини и влага. Како трета причина се смета нетостаток на паратироидниот хормон и при овој случај се забележува и големо количество на првут.

Воочлива несреденост

Луѓето кои посветуваат умерено влијание на надворешниот изглед, најчесто се во добра психичка состојба. Во спротивност, луѓето кои со недели и месеци не посветуваат никаква хигиена и внимание на својата коса и не се заинтересирани воопшто за својот изглед и покрај критиките од средината, може да страдаат од влошена психичка состојба.

Слично

Поврзани вести