Која авиокомпанија служи најдобра храна?
Авионот, односно авиокомпанијата со која ќе патуваме сигурно не ги бирате врз основа на храната која ја јадете во текот на летот, но не е лошо да се знае чија гастрономска понуда е најдобра.
Магазинот „Saveur“ од Њујорк направил листа од најдобрите авиокомпании кога е во прашање храната. Победниците ги одбрале нивните членови, но и 36 гастрономски мајстори.
Кога е во прашање економската класа Сингапур Ерлајнс е апсолутен победник, благодарение на гласовите на читателите и експертите. Најдобрите вина во своите авиони ги има австралиската компанија Квантас.
Читателите и експертите меѓутоа се разминаа во ставовите кога е во прашање оброкот во првата и бизнис класа. Експертите ги одбраа Емиратите а читателите Оман Ер.
