Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ти брани да одиш во Мексико?

Кој ти брани да одиш во Мексико?

Еден од омилените производители на телевизори, електроника и бела техника, Hisense, започнува наградна игра благодарение на која ќе стекнеш спомени за цел живот. Затоа, ако сонуваш да одиш на Светското првенство во фудбал – на вистинското место си!

Hisense и оваа година е официјален спонзор на FIFA World Cup 2026™ и затоа на сите им дава можност да заминат на патување од соништата и да присуствуваат на отворањето на Светското првенство во Мексико!

Како да учествувате и други правила на играта

Акцијата е отворена за сите купувачи кои во периодот од 18. март до 27. април 2026 година ќе купат Hisense или Gorenje производи во вкупна вредност од најмалку 15.000 дeнари и ќе внесат до пет фискални сметки во пријавниот формулар на веб-страницата. По проверката на точноста на пријавите, кандидатите ќе бидат поканети на 29.04.2026 година со почеток во 18:00 часот на натпревар во изведување пенали на фудбалското игралиште на ФК Локомотива Скопје во Скопје– победникот на финалето освојува патување за двајца на натпреварот на отворањето на Светското првенство.

  1. Пополни го формуларот на официјалната страница на Hisense и приложи фотографии или скенирани фискални сметки (до пет сметки).
  2. Сметките мора да бидат од периодот 18.03.2026 до 27.04.2026 година и со вкупен износ од минимум 15.000 денари.
  3. Ако пријавата биде верификувана, ќе бидеш поканет/а на квалификации на 29.04.2026 година на фудбалското игралиште на ФК Локомотива Скопје во Скопје, каде што ќе се шутираат пенали во цели, а во финалето истиот ден учесниците шутираат против професионален голман.

Главната награда е пакет-патување за двајца на натпреварот на отворањето во Мексико – победникот и лицето што ќе го избере како придружник. Условите и одредбите се достапни на линкот.

Затоа, ако размислуваш да учествуваш – провери Hisense и Gorenje апарати и зачувај ги фискалните сметки, па пријави се преку формуларот што е можно побрзо. Потоа – ако бидеш поканет/а – те очекува натпревар во Скопје во кој токму ти одлучуваш дали ќе одиш на патување. Затоа што, кој ти брани да одиш во Мексико?!

# # #

За компанијата Hisense

Hisense, основана во 1969 година, е еден од глобалните лидери во производството на апарати за домаќинство и потрошувачка електроника, со присуство во повеќе од 160 земји. Специјализирана е за испорака на висококвалитетни мултимедијални производи, апарати за домаќинство и интелигентни ИТ решенија. Според податоците на компанијата Omdia, Hisense го зазема првото место во светот во сегментот на телевизори со дијагонала од 100 инчи и повеќе (2023 – прва половина од 2025). Како официјален спонзор на FIFA World Cup 2026™, Hisense останува посветен на глобалните спортски партнерства како начин за поврзување со публиката ширум светот.

ПР објава

Слично

Поврзани вести