Кој ставил сончев колектор, државата ќе му врати 30% од инвестицијата
Оваа година Владата со 6 милиони денари ќе го субвенционира инсталирањето на сончеви колектори во домаќинствата. Според министерот за економија Ваљон Сараќини, на јавниот оглас објавен пред една недела може да аплицира секој што има купено и вградено соларен колектор во својот дом.
Државата ќе надоместува 30 % од трошоците, односно од вредноста на колекторот или максимум 18 илјади денари.
„Од вкупно 600 илјади домаќинства во Македонија само 3.000 користат сончеви колектори, но интересот за нивно инсталирање е се поголем. Лани до Министерството пристигнаа 2.000 барања за субвенции, а во 2011-та оваа бројка беше двојно помала“, рече Сарачини.
Заштедата од инсталирање сончеви колектори изнесува околу илјада денари месечно или 12 илјади денари годишно, а ако колекторот чини 36 илјади денари инвестицијата се враќа за три години, велат од економија.
Јавниот повик за ќе трае до 31 мај, а извлекувањето на оние што ќе добијат поддршка е закажано за 8 јуни.
Слично
