Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој сака свадба во руска подморница, нека отпатува во Република Српска

Кој сака свадба во руска подморница, нека отпатува во Република Српска
Бизнисменот Јово Видовиќ од Бања Лука купи руска подморница, која ќе ја однесе во езерото Балкана, каде на почетокот на следната година ќе организира подводни свадби во Република Српска. Видовиќ поседува десетина фирми во Црна Гора, како и хотел и околу 20 бунгалови на езерото Балкана кое се наоѓа на 900 метри надморска височина на планината Лисина. Со купувањето на подморницата, тој се надева дека ќе привлече повеќе туристи.

Подморницата ќе биде на дното на езерото и младоженците ќе можат да се венчаат на длабочина од девет метри. Бизнисменот планира да изгради и црква на брегот на езерото до која младенците ќе можат да стигнат со руската подморница.

Слично

Поврзани вести