Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој прави топ коктел-ќе се бира најдобриот македонски бармен!

Кој прави топ коктел-ќе се бира најдобриот македонски бармен!

Од 25 до 27 април во Скопје ќе се одржи Шестото државно првенство на бармени. Според најавите на организаторот, натпреварувачкиот дел на првенството во Метрополис Арена кое е дел од Меѓународниот саем за туризам, ќе почне на 25 април во 11 часот со квалификации, а финалето во класична подготовка и флертендинг е предвидено во 16 часот, истиот ден.

Победникот од првенството, кое е во организација на Здружението на бармени на Македонија,  патува на меѓународниот натпревар "World Coctail and Flair Tending Competition“ во Прага, Чешка Република.

Според Здружението на бармени, менаџерите на кафе-баровите се повеќе покажуваат интерес за коктел-мајсторите, а агенциите за посредување за работа во странство во сегментот угостителство, потврдуваат дека оваа професија е виза за подобар почетен статус. Со своето делување, сметаат од Здружението, го подигнале нивото на угостителството во државата.

Здружението на бармени на Македонија како непрофитна и невладина организација постои од 2005 година, а од 2007 е полноправен член на Меѓународната асоцијација на бармени.
Слично

Поврзани вести