Кој му подари на Николиќ „Ауди А6“?!
Претседателот на Агенцијата за борба против корупцијата Зоран Стоилковиќ побара од српскиот претседател Томислав Николиќ да каже како го добил на подарок автомобилот „Ауди А6“.
„Николиќ како државен фунционер е должен да открие во каков контекст и од кого го добил подарокот“, изјавил Стоилковиќ за српски „Блиц“.
Весникот објави дека Николиќ во последниот извештај за неговата имотна состојба не го пријавил автомобилот „Ауди А6“ произведен од 2003 година, за кој вели дека му е подарок, но не кажува од кого.
Според портпаролот на Агенцијата за борба против корупцијата , Александра Костиќ Николиќ ја исполнил законската обврска со тоа што пријавил згоемување на имотот. Сепак се правда таа, Агенцијата ќе провери дали и врз која основа Николиќ го добил подарокот и дали таквиот гест е поврзан со неговата државна функција или како приватно лице.
