Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ: Apple започнува судска битка со ЕУ

КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ: Apple започнува судска битка со ЕУ

Apple влегува во судска војна со ЕУ. 

Од компанијата најавија дека ќе поднесат жалба на одлуката на Европската унија (ЕУ), со што заедницата објави дека компанијата треба да плати околу 13 милијарди евра невнесени даноци.

Одлуката за санкцијата беше најавена на крајот на август, со образложение дека компанијата свесно ги заобиколувала даночните закони, како и ги пренасочила сите приходи во европската централа во Ирска, соопштува Ројтерс.

Според Apple сепак ЕУ го игнорира мислењето на експерти и корпоративни закони, и намерно избрала метода за пресметка, која дава максимално високо казна. Оваа недела Apple ќе ја поднесе својата жалба во судот.

Брус Сеуел, главен правник на Apple, тврди дека ЕУ намерно ја избрала компанијата поради нејзиниот успех. "Apple е корисна цел, бидејќи генерира многу наслови", коментира Сеуел. Според него, Европската комисија сака да си направи реклама на грбот на компанијата.

Apple ја има на своја страна владата на Ирска. Таа испратила свој став, во кој исто така вели дека регулаторите на ЕУ не ги разбрале правилно даночните закони на земјата и презеле погрешна одлука. Според ЕУ сепак Ирска намерно ги погрешила законите за да привлече големи компании како Apple, кои уживаат со посебни даночни привилегии.

Според Сеуел Apple не може да го исполни барањето на ЕУ, бидејќи тоа значи дека Ирска треба да ги наруши сопствените даночни закони. Ирската влада, пак, смета дека ЕК ги надминала овластувањата и се вмешала во даночниот суверенитет на земјата.

Слично

Поврзани вести