Кој ќе одговара за запаленото знаме во Мелбурн
Австралиските власти ќе бидат повикани да одговорат за запаленото бугарско знаме во Мелбурн за време на демонстрациите против т.н. Преспански договор.
По наредба на вицепремиерот на Бугарија Екатерина Захариева, привремениот шеф на бугарската амбасада во Австралија, Питер Николаев, побарал средба во Министерството за надворешни работи и трговија, објави Министерството за надворешни работи на својата страница на Фејсбук, пренесоа медиумите од Бугарија.
Покрај тоа, бугарскиот дипломат ќе побара од надлежните органи да се спротивстават во иднина против обидите за потценување на државните симболи.
Македонските иселеници протестираа пред Конзулатот на Северна Македонија во Мелбурн, Австралија, против Договорот од Преспа за ново име за земјата.
