КОЈ ЌЕ НИ ЦРТА СЕГА ПЕЦКО: Почина карикатуристот Дарко Марковиќ
Синоќа си замина уште еден критичар на општеството, власта, политичарите...
Почина карикатуристот Дарко Марковиќ во 76-тата година од животот.
Тој беше најпознатиот карикатурист, сатиричар, филмски режисер, автор на популарниот стрип Пецко.
Карикатурист, сатиричар, филмски режисер, сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер. Во 1966 година дипломира архитектура, а во 1972година специјализира анимиран филм во Загреб, под менторство на оскаровецот Душан Вукотиќ.
Професионалната кариера како карикатирист ја започнал 1960 година, работејќи за повеќе весници и списанија во Македонија и поранешна Југославија. Од 1966 до 1975 година работи како главен уредник на хумористично-сатиричното списание „Остен“ и како директор на Светската галерија на карикатури во Скопје.
Со филм активно се занимава од 1975, кога се вработува во „Вардар филм“, отворајќи го студиото за анимиран филм. Од 1978 работи како слободен уметник, а во 1983е назначен за професор на Факултетот за уметност во Скопје по предметот анимиран филм. Во истиот период работи како главен уредник на културно-уметничката програма во Телевизија Скопје. Од 1988 до 1995 живее и работи во Лондон. Во 1995 се враќа во Македонија.
За своите карикатури и анимирани филмови, има добиено преку триесет награди и признанија. Живее и работи во Скопје.
Негови познати анимации се „Граница“ (1976), „Стоп“ (1976), „Три минути на светот на Мирослав Бартак“ (1976), „Бело топче“ (1977), „Циркус“ (1979), и други. Работи и на стриповите за Пецко.
По тешко и долго боледување починал синоќа во Скопје .
