Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои витамини ви се потребни за здрава и сјајна кожа?

Кои витамини ви се потребни за здрава и сјајна кожа?

Еден поглед на вашето лице, доволен е да се види дали кожата е сјајна и дали доволно се грижите за неа, сето ова не се однесува само на кожата на лицето, за кое највеќе водиме грижа, а ги запоставуваме другите делови на телото.

Најголеми непријатели на кожата се брзи диети и брза храна.

За здрава и сјајна кожа потребно е разновидна прехрана, а не само добра козметика. Постојат одредени витамини кои се неопходни за зштита на кожата, но и за забавување на процесот на стареење. Најдобри витамини се :А; Ц; Е; Ф и бетакаротен.

Витаминот А го има и во путерот, во јајцето, односно во жолчката, сирењето, млекото, јагула итн. Овој витамин е добар за регулирање на лачење на жлезите, ја поттикнува синтезата на колагенот и ја зацврстува кожата.

Витаминот Ц може да се најде во киселото овошје, зелката, доматите и други. Помага при отстранување на темни флеки од кожата и и дава дополнителен сјај.

Витамин Е е силен антиоксидант и сојузник против стареење. Најголеми количини на витамин Е може да се најдат во житарки, соино масло.

Витаминот Ф, го има во лососот, туната и во растителните масла. Овој витамин е добар за регенерирање на кожата, ако сте имале некоја рана, која забавено заздравува, со вклучување на овој витамин кожата побрзо се регенерира (обновува).

Бетакаротенот е силен антиоксидант, а највеќе го има во сушените кајсии.

Секако дел од овие витамини ги има и како медикаменти, но препорачливо е да се конзумираат како прирдни состојки.

Слично

Поврзани вести