Кои витамини ви се потребни во лекување на акни?!
И покрај тоа што голем број на луѓе има проблеми со акни, малку од нив всушност секојдневно се труди да направи нешто и да го спречи нивното повторно појавување.
Здрава исхрана со многу овошје и зеленчук на нашиот организам му обезбедува многу витамини и минерали, што придонесува за општо здравје па и здравјето на нашата кожа.
Клучни витамини во лекување на акни се:
Витамин А
Во својата иродна форма, попозната како ретинол, во најголеми количини може да се најде во рибиното масло, џигер и млечни производи. Бројни истражувања покажале дека овој витамин е исклучително важна хранлива состојка кога станува збор за нашата кожа и лекување на акните. Витаминот А кои инаку го произведуваат растенијата, познат како бета каротен може да се најде во жолтото и портокалово овошје и зеленчук како морков, кајсија, диња, како и во зелениот зеленчук како што е магдоносот, кељ и спанаќ. Меѓутоа преголеми количини на овој витамин се многу опасни, така што не треба да се претерува.
Витамин Б2
Општо е познато дека стресот го влошува веќе постоечкиот проблем со акните, а витаминот Б2 во голем број на случаи е многу ефикасен кога станува збор за смирување и отстранување на несаканиот стрес. Природни извори кои изобилуваат со овој витамин се: млеко, риба, јајца, месо и лисест зелен зеленчук.
Витамин Б3
Овој витамин исто така спаѓа во хранливи состојки, есенцијални за успешно лекување на акните. Може да се најде во кикириките, јајца, авокадо, џигер и посно месо. Витаминот Б3 исто така е многу ефикасен кога станува збор за подобрување на циркулацијата и општото здравје на кожата.
Витамин Е
Со оглед на тоа дека претставува многу моќен антиоксидант, овој витамин ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали, кои претставуваат потенцијално опасни и штетни нуспроизводи на нашиот метаболизам. Она што исто така треба да се нагласи е дека овој витамин претставува најважна хранлива состојка во борба против акните. Го има во поголеми количини во бадемите, кикирики, семки од сончоглед, брокули и маслата со потекло од зеленчукот.
