Кои се врвните функции на телефоните од новата серија Galaxy S24?
Новата серија Samsung Galaxy S24 претстави уреди кои поседуваат фунции како никогаш досега. Ова најмногу се должи на Galaxy AI* системот за вештачка интелигенција кој беспрекорно се прилагодува на потребите на корисникот. Вештачката интелигенција не само што ги подобрува основните функции на телефонот, туку и отвора нови хоризонти во комуникацијата и креативноста.


Со новите телефони Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ и Galaxy S24 комуникацијата е максимално олеснета од многу аспекти, како на пример отстранување на јазичните бариери за остварување на комуникација со соговорник со помош на функцијата Interpreter. Оваа функција, која може да ја користите дури и без интернет, ви овозможува разговорот со соговорникот до вас веднаш да биде преведен и прикажан на поделен екран на кој транскрипцијата ја читате и двајцата во реално време. Тука е и функцијата Помош за разговор (Chat Assist) која може да ви ја усоврши пишаната комуникација да звучи љубезно или зависно која ви е намерата, давајќи ви воедно и опции за кратки фрази. Исто така, и веќе познатата апликација Samsung Notes ја добивате значително подобрена со Помош за белешки (Note Assist) со шаблони кои ќе го олеснат фаќањето на белешки, а пак помош за транскрипција (Transcript Assist) е овозможена од вештачка интелигенција и технологија за транскрипција, резимирање, па дури и преведување од говор во текст.

Особено се истакнува уште една функција кај уредите од серијата Galaxy S24 која е еклатантен пример за иновативност, а тоа е новиот извонреден начин на пребарување. Тоа е функцијата Заоружи за пребарување (Circle to search) им овозможува на корисниците брзо да најдат информации за било што што гледаат на екранот, без разлика дали е тоа објект на слика, личност во видео, предмети во портрет и слично, и тоа со едноставно притискање и држење на копчето за почеток и гестови на екранот (заокружување). Овојновитет, овозможен од најпознатиот Google пребарувач, претставува пионерски чекор во интуитивното пребарување, отворајќи ја вратата за нови димензии на истражување и поврзување со дигиталниот свет.

Embed video: https://www.youtube.com/watch?v=JGieL587JQg
Фотографска револуција со Galaxy S24
Функциите на системот на кимери на уредите Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ и Galaxy S24 ги остваруваат соништата за фотографии и снимки доведени скоро до совршенство. Иновативната технологија за вештачка интелигенција им овозможува на корисниците да користат генеративно уредување (Generative Edit) за да ги трансформираат и подобрат своите фотографии, да создаваат совршени композиции, па дури и да ги пополнат рабовите на заоблените слики. Ова носи сосема нова димензија на креативност и персонализација.
Galaxy S24 и S24+ доаѓаат со селфи камера од 12 MP и тројна задна камера што ја сочинуваат широкоаголна камера од 50 MP со 2х зум со оптички квалитет, ултраширока камера од 12 MP и камера од 10 MP со 3x оптички зум. Со режимот на портрет со 2х и 3х зум ќе можете да снимате динамични крупни кадри. Новата функцијаProVisualengine, која ја користи моќта на AI зумирањето, ги подобрува деталите и боите за чисти и живописни слики со висока резолуција, дури и на растојанија за дигитален зум.
[img border="0" width="340" height="227" src="file:///C:/Users/User/AppData/Local/Packages/oice_16_974fa576_32c1d314_2565/AC/Temp/msohtmlclip1/01/clip_image008.jpg" v:shapes="Picture_x0020_4">
Како што беше и очкувано, Galaxy S24 Ultra повторно со новитети ги плени сите љубители на фотографијата. Со воведување на новиот систем Quad Tele со нова оптика се овозможува до стократно дигитално зумирање што резултира со исклучително јасни снимки од која било далечина. Функцијата Nightography го носи ноќното фотографирање на следното ниво, со поголема густина на пиксели и пошироки агли на оптичкиот стабилизатор на слика (OIS) што го намалува заматувањето и го подобрува квалитетот на сликата во услови на слаба осветленост.
Врвни перформанси и препознатлива елеганција на дизајнот
Galaxy S24 Ultra се напојува со мобилната платформа Snapdragon® 8 Gen 3 Galaxy, која заедно со подобрените стапки на освежување од 1-120 Hz и напредниот систем за ладење обезбедува супериорни перформанси и ефикасност. Така, серијата Galaxy S24 е идеална за мобилни игри, снимање и уредување видео со високи перформанси и мултитаскинг.
Во исто време, Galaxy S24 Ultra може да се пофали со најсветлиот екран во историјата на серијата Galaxy, кој достигнува осветленост до 2600 nits. Оваа исклучителна осветленост заедно со функцијата Vision Booster обезбедува одлична видливост во сите светлосни услови. Corning® Gorilla® Armor стаклото дополнително го штити екранот од гребнатини и рефлексии, обезбедувајќи непречено и пријатно доживување при гледањето.
Дизајнот Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra овојпат доаѓа во уште пософистицирана форма и величина на екранот кај Galaxy S24 со голема од 6,2 инчи, кајGalaxy S24+ со 6,7 инчи, додека кај Galaxy S24 Ultra со 6,8 инчи. Сите три модели имаат оценка IP68 за отпорност од вода и прашина и се зајакната со Armor Aluminium рамка, додека Galaxy S24 Ultra поседува и цврста заштита од титаниум вградена во рамката и поголема отпорност од гребнатини на екранот со Corning® Gorilla® Armor. Боите во кои можете да ги имате овие уреди се внимателно избрани да бидат единствени - кобалт виолетова, килибирана жолта, оникс црна и мермерно сива за Galaxy S24 и Galaxy S24+, додека пак Galaxy S24 Ultra доаѓа во титаниум сива, титаниум црна, титаниум виолетова и титаниум жолта боја. Што се однесува до меморијата, со Galaxy S24 и Galaxy S24+ можете да бирате опции за меморија до 512 GB, додека со Galaxy S24 Ultra дури и до 1 TB.
*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.
Повеќе за новите модели од серијата Galaxy S24 прочитајте на следниве линкови:
Пр објава