Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се неработни денови во април и мај!?

Кои се неработни денови во април и мај!?

Православните верници ќе одмораат вториот викенд од април, кога за нив не работни се 10 април кога е Велики Петок, петок пред Велигден и 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар. Тогаш нема да работат сите граѓани на Македонија.

За граѓаните од католичка вероисповед * 06 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ * 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ * 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

Следува уште еден не раб0тен ден за сите граѓани на Македонија 1 мај (петок), кога е Ден на трудот. Тогаш следува продолжен викенд.

Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.

Слично

Поврзани вести