Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најдобрите земји за пензионирање?

Кои се најдобрите земји за пензионирање?

Се грижите ли за финансиската стабилност за кога ќе се пензионирате?

Веројатно би биле посигурни ако живеевте во Северна Европа. Барем така покажува извештајот кој ја рангира финансиската стабилност на пензионерите во 150 земји низ целиот свет.

Швајцарија, Норвешка и Шведска се меѓу 10-те земји кои за повеќемина нудат сигурно пензионирање. САД се на 19-то место трета година по ред, зад Чешка, Јапонија и Франција на листата на Светскиот индекс за пензионирање „Natixis“.

Истражувањето е објавено од „Natixis Global Asset Management“ и ги користи податоците на Светската банка, Светската здравствена организација и други организации. Тоа ги подредува земјите според критериумите како пристап до здравствената заштита, траењето на животот, невработеност, еднаквост на доход, даночниот товар, приносни заштеди и квалитет на животот, вклучувајќи и дали земјата обезбедува „безбедна, чиста средина за живот“, пишува во извештајот.

Десетото место го завзема Нов Зеланд, пред него е Германија на деветото место,  Австрија, Данска на осмо и седмо место, Шведска на шесто, Холандија на петото место, Исланд четврто, Австралија и Норвешка го заземаат третото и второто место и првото и прапаѓа на Швајцарија.

Слично

Поврзани вести