Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најдобрите брендови во Македонија?

Кои се најдобрите брендови во Македонија?
Триесетина пазарни марки годинава ја добија титулата „Супербренд“ и беа прогласени за најдобри брендови во земјава. Свеченото доделување на дипломи, го заокружи третиот по ред избор на македонски супербрендови. На престижната листа се најдоа: Адора Инженеринг, Акцент Компјутери, Авицена Лабараторија, Backstage, DHL, Eлена Лука, Еуро фарм, Еуроимпекс, Еуролинк, Хот-Хот, Идеа Плус, Коузон, Кристал, Монтенегро, Плива, Пропионт, Ре Медика, Секјуриком, Семос, Скопски Саем, Солета, Витаминка, Теа Модерна, Театар Комедија, Телекабел, Трансмет, Универзитет за туризам и менаџмент, Влатко Стефановски, Здравје Радово, Жито Лукс. Во конкуренција беа повеќе од 1.000 домашни и меѓународни компании за 27 категории. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност, а во процесот на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и преку 8.000 потрошувачи. „Супербрендс знакот не е само декорација на производот, туку официјално признание на пазарната марка и шанса на компаниите да освојат нови потрошувачи и да ја задржат лојалноста кај постоечките“, вели Зоран Саздовски, директор на Супербрендс за Адриатик регионот. На свеченото доделување беше претставено и најновото издание на Супербренд  публикацијата, во која првпат оваа година, Супербрендовите од Адриатик регионот се обединети во заедничка публикација.
Слично

Поврзани вести