Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои делови од Скопје утре ќе бидат без струја?

Кои делови од Скопје утре ќе бидат без струја?
Утре од 08.00 до 17.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Козле – подулица 1, село Горно Нерези, како и дел од корисниците од село Крушопек. Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Миле Поп Јорданов, Стогово и Јуриј Гагарин. Во периодот од 09.00 до 17.00 часот, корисниците од селата Чифлик, Говрлево, Света Петка и Виничиште. Во периодот од 09.30 до 14.00 часо, корисниците од селата Шишево, Горна и Долна Матка, како и дел од корисниците од село Глумово, а до 11.00 часот, корисниците од ул. Црвена Вода и дел од корисниците од ул. Партизанска. Во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од нас. Бутел-од последна 57 кон Љубанци веднаш после мостот. Задутре, поради технички зафати без електрична енергија од 09.00 до 12.00 часот ќе останат корисниците од село Патишка Река и викендици Држилово. Од 09.00 до 14.00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Малино, село Брест, викендици Побожје, село Бродец и село Танушевци, а од 08.00 до 17.00 часот корисниците од ул. Козле -1, дел од село Крушопек и село Горно Нерези, информираат од РЦУК-Скопје.
Слично

Поврзани вести