Кога празниците носат повеќе од подароци
Декемвриските утра имаат посебна тишина. Градот блеска во светилки, календарот се полни со завршни состаноци, а во воздухот се чувствува мешавина од рефлексија и амбиција. Во тие моменти, кога една година се затвора, а друга се отвора со нови цели, вистинските професионалци не бараат само подарок, тие бараат алатка што ќе ги придружува во новите предизвици.Токму тука започнува приказната за Galaxy Z Fold7 и Galaxy Watch8 Classic.
Моментот кога се затвора последната презентација за годината носи чувство на завршеност. Со еден потег се затвора и Galaxy Z Fold7, елегантен и дискретен во раката. Но штом новата година ќе побара простор за идеи, доволно е едно отворање – и се појавува голем, јасен екран што се претвора во мобилна канцеларија.
Документи, е-пошта, графици и видеоконференции течат природно, без прекини. Мултитаскингот не е повеќе компромис, туку предност – три апликации истовремено, документи што се движат меѓу нив и презентации што се уредуваат во реално време. Fold7 е создаден за визионери кои знаат дека продуктивноста значи слобода.

Galaxy AI – тивкиот сојузник во секој работен ден
За секој работен денGalaxy AI нуди јасен и концизен преглед на обврските што следуваат. Now Brief подготвува структура за денот, Live Translate ги руши јазичните бариери при меѓународни повици, а Note Assist ги средува белешките во јасна и организирана форма.
Со Google AI Pro, комуникацијата со технологијата станува природна – прашањата добиваат брзи одговори, идеите се развиваат побрзо, а времето се користи поефикасно. Circle to Search со Google овозможува во секој момент, без прекин на работата, да се добијат релевантни информации директно од екранот. Сè е насочено кон едно: повеќе фокус и помалку напор.

Watch8 Classic – елеганција што го следи ритамот на животот
Додека Fold7 го води работниот ден, вашиот паметен часовник Galaxy Watch8 Classic се грижи за балансот. Неговата класична форма, ротирачка коронка и изработка од нерѓосувачки челик совршено се вклопуваат со празничен костум или деловен мантил. Под елегантната надворешност, часовникот тивко ги следи пулсот, стресот, сонот и физичката активност – потсетувајќи дека долгорочниот успех започнува со грижа за личната благосостојба.
Известувањата, плаќања, секаква комуникација и целосната синхронизација со Fold7 го прават денот поорганизиран, а стилот – впечатлив.
Празнична поврзаност без граници
Во периодот кога домот и канцеларијата се подготвуваат за празниците, SmartThings овозможува целосна контрола со минимален напор. Со еден допир на екранот од вашиот Galaxy Z Fold7, светлата, температурата, апаратите за домаќинството и безбедноста се прилагодуваат на моментот. Исто така телефонот иWatch8 Classic комуницираат беспрекорно, создавајќи интелигентен екосистем што работи тивко, но сигурно – како вистински деловен партнер.

Сигурност за новата година
Зад целото искуство стои Samsung Knox, систем што ги штити доверливите податоци, документи и финансиски информации. Со новиотOne UI 8 и 7-годишната софтверски надградби, овие уреди не се само празничен подарок, туку сигурна инвестиција во стабилност и континуитет.
Доживејте го пред да започне новата приказна
Со апликацијата Try Galaxy можете уште веднаш да ги почувствувате Galaxy AI и мултитаскинг искуството на Fold7 – директно на уредот што моментално го користие. Тоа е можност да се види како изгледа кога технологијата навистина работи во корист на корисникот.
Во сезоната на празници, кога времето добива посебна вредност, Galaxy Z Fold7и Galaxy Watch8 Classic не се само уреди. Тие се симбол на нов почеток, јасна визија и самодоверба. Создадени за оние што не го следат времето – туку го управуваат.
ПР објава