Кога брендот инвестира во емоција
Последниве години ретко се случува јавноста искрено да реагира на бренд кампања со чувство дека гледа нешто убаво, а не само уште една реклама. Токму затоа проектот што A1 го реализира заедно со Охридско лето привлече толку внимание.
Современата интерпретација на „Билјана платно белеше“ отвори едно важно прашање — дали брендовите денес можат да создаваат културна вредност, а не само visibility? Според реакциите во јавноста, одговорот е очигледно да.

Наместо производот да биде во прв план, центарот на приказната е емоцијата. Песната, атмосферата, визуелниот идентитет и целиот тон на комуникацијата оставаат впечаток дека станува збор за проект создаден со почит кон културното наследство, а не за уште една сезонска кампања.

Особено интересен е фактот што A1 овојпат се појавува како културен партнер, а не како бренд што сака да доминира со своето присуство. Логото е суптилно, пораките се внимателни, а целиот проект изгледа повеќе како современ омаж отколку како маркетинг активност.
Можеби токму затоа оваа приказна допре до толку многу луѓе. Бидејќи кога брендот инвестира во емоција, резултатот не е само видливост — туку вистинска поврзаност со јавноста.
