Кое е значењето на бројот 0?
Уште од дамнешни времиња, на броевите им се препишуваат интересни значења и се поврзуваат со посебна мистичност. Во нумерологијата се верува дека целата вселена е изградена на броеви и дека судбината и карактерот на секој од нас зависат од нумеричките закони.
Но, што е со нулата? Дали таа навистина е број? Кое е нејзиното значење? Каде и зошто ја користиме? Кое е нејзиното значење од финансиски аспект гледано?
Нулата не постоела отсекогаш. Античките Грци немале симбол за нула затоа што сметале дека ништото не може да биде нешто. Па дури и старите Римјани, не ја прифаќале бидејќи била противречна на нивните римски броеви.За прв пат се употребува дури во петтиот век во системот на броеви на Индија, а до деветтиот век таа станала дел и од системот од арапски броеви во формата во која се користи денес. Со развојот на математиката, нулата станала базата на калкулациите, а денес таа е во основата на современиот компјутерски бинарен систем од нули и единици. Таа има значење на отсуство на вредност, а истовремено претставува и број сам по себе.
0% камата за првите три месеци, 0% провизија за обработка, 0% за административни трошоци, како и 0% за предвремена отплата – тоа се четирите големи НУЛИ во новиот „Кредит +“ на Еуростандард Банка, кој е достапен за сите вработени во здравствените институции.
Повеќе информации поврзани со „Кредит +“ се достапни навеб-страницата на Еуростандард Банка, како и на нивниот контакт телефон: 02/3249-452.
Благодарение на Еуростандард Банка, нулата денес има сосема ново и поинакво значење, а ништото е многу повеќе од нешто!
