Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кочанската оризова арпа ќе оди во стоковите резерви

Кочанската оризова арпа ќе оди во стоковите резерви

Oризовата арпа на земјоделците од Кочанско, ќе оди во стоковите резерви.

Со ова е решен проблемот поради кој производителите на ориз протестираа.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, вели дека дури 70% од оризовата арпа од ланската реколта стои неоткупена.

Нема пресметка колку пари ќе чини откупот на оризовата арпа.

Оризопроизводителите немаат информации по која цена ќе се откупува арпата.

Тие на последните протести побараа 50 денари за килограм бел ориз и 25 денари за килограм оризова арпа.

Оризот производителите не го продаваа поради ниската откупна цена, која изнесуваше 38 денари за килограм.

Слично

Поврзани вести