Кобрендирана „CROATIA DINERS“ картичка
Кроациа Осигурување – Живот отпочна соработка со Diners CLUB која подразбира воведување на кобрендирана картичка со која на осигурениците им овозможуваат бројни поволности при плаќање на премијата за осигурување, како и допонителни попусти и гратис услуги:
- 12 рати без камата за плаќање на полиса за осигурување на живот;
- без 2% еднократен надомест на вкупната сума, при плаќање на полиса за осигурување на живот;
- без членарина за првата година од членството во Diners CLUB;
- со минимум 60.000 годишен промет на Diners CLUB картичката осигуреникот и следната година не плаќа ќленарина (доколку не се оствари овој промет се плаќа само 50% од износот на членарината во Diners CLUB, односно 75 мкд месечно);
- можност за конвертирање на наградни поени во износ на рата (9000 бодови = 3000 мкд);
- гратис годишно осигурување од незгода – траен инвалидитет во износ од 1.500.000 денари;
- за склучена дополнителна полиса за член на семејство – вредносен ваучер во износ од 2.000 мкд;
- 15% попуст за: полиса за имот, каско осигурување на возила, осигурување од незгода, осигурување од одговорност, патничко осигурување;
- попусти на одредени продажни места;
- 24 часовен сервис од Diners CLUB Mакедонија за вас;
- купување на рати без камата;
- SMS инфо;
- подигнување на готовина и враќање на рати.
Поволностите се однесуваат за новосклучените полиси.
