Економија, финансии, бизнис

Контакт

Книга со потпис на Ана Франк продадена за 62.500 долари

Книга со потпис на Ана Франк продадена за 62.500 долари
Збирка бајки со потпис на познатото германско девојче со еврејско потекло, Ана Франк е продадена за 62.500 долари на аукција во Њујорк. Тоа е двојно повеќе од почетната цена. Се работи за книга од браќата Грим, во која е и познатата бајка „Снежана и седумте џуџиња“ и „Ивица и Марица“. Книгата и припаѓала на славната Ана Франк чиј познат дневник е продаден во 30 милиони примероци и е приведен на 67 јазици. На книгата објавена во 1925 година Ана го напишала своето и името на сестра и Маргот. Девојчето е едно од најпознатите жртви на Холокаустот, а книгата ја изгубила кога нејзиното семејство побегнало во Амстердам од нацистите. За неколку минути од аукцијата, цената на книгата од 30.000 долари скокна на 62.500 долари.  
Слично

Поврзани вести