Економија, финансии, бизнис

Контакт

Климент Шеќеровски е нов директор на прилепски „Еурокомпозит”

Климент Шеќеровски е нов директор на прилепски „Еурокомпозит”
Додека се чека отворањето на четирите понуди за купопродажба на прилепскиот загубар “Еурокомпозит”, Владата, минатата недела, донесе одлука, на вонредно Собрание на акционерите, за нов генерален директор да се назначи Климент Шеќеровски. Досегашниот, Никола Лучески, е назначен за негов заменик, а пополнето е и едното испразнето место од бордот на директори кој во моментов брои четири од потребните пет члена. Со промената на раководната структура, во Компанијата се надеваат дека работите ќе мрднат од мртва точка за полесно решавање на идинината на овој загубар, во кој, во моментов, се вработени 306 луѓе.
Слично

Поврзани вести