Економија, финансии, бизнис

Контакт

Климатските промени погубни за македонското земјоделство

Климатските промени погубни за македонското земјоделство
Зголемување на конкурентноста на агросекторот и на квалитетот и безбедноста на храната, одржливо управување со ресурсите, како и подобрување на условите во руралните средини, се само дел од мерките што Македонија треба да ги преземе за ублажување на последиците од климатските промени во земјоделството, побараа денеска експертите на конференцијата организирана во рамки на „Агрофуд“. Според нив, од намалувањето на врнежите и на водните ресурси, најмногу ќе страдаат културите од централниот дел на Македонија и регионите по течението на реката Вардар, а посебно загрозени ќе бидат пролетните култури, маслодајните растенија и житата. „За ублажување на последиците најпрво треба да се применат мерките на адаптација, а потоа да се преземаат подрастични, од типот употреба на нови култури, изјави проф. д-р Душко Мукаетов, кој додаде дека последниве неколку години на селекција не се работи речиси воопшто, поради недостиг на финансиски средства програмата е скоро запрена, а и селекционери има се помалку. Кон климатските промени ќе мора да се прилагодат и земјоделците, велат експертите. Според нив, земјоделците треба да  размислуваат за напуштање на досегашните традиционални начини на производство, особено во делот на обработката на почвата, употребата на заштитните средства и одржувањето на плодноста и да се насочат кон примена на современи системи за наводнување и замена на досегашните култури со нови. Светска банка препорачува Македонија рационално да ги користи своите водни ресурси кои во наредните 40 години може да се намалат за дури 50 %.  
Слично

Поврзани вести