КК Работнички остана без вода
ЈП Водовод Скопје денеска го исклучи кошакарскиот клуб Работнички од водоснабдителниот систем.
Како што информираат од Водовод, причината за ваквиот потег се неплатените сметки за вода во висина од 290.513.00 денари за период од 2009 до 2013 година.
„На 18.09.2013 година уредно им е доставена Опомена пред исклучување во која им беше нагласено дека согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води доколку не го платат долгот односно не склучат договор за отплата на рати, на 26.09.2013 година ќе им биде прекинато водоснабдувањето“ - стои во соопштението од Водовод.
Слично
