ЌЕ ВОСКРЕСНЕ ЛИ САМСУНГ: Харвардски ученик, внук на основачот, ја презема империјата!
Внукот на основачот на Самсунг го презема управувањето со најголемата јужнокорејска компанија која бележи пад на профитот после фијаското кое го имаше со моделот Galaxy Nоte 7.
Јужнокорејскиот гигант бележи профит од 3,9 милијарди долари од јули до септември што е 17 отсто помалку во однос на истиот период лани.
Продажбата паднала за седум отсто додека операционалната добивка за третото тромесечие е намалена за 30 отсто, во согласност со прогнозата која компанијата ја дала порано овој месец.
Акционерите гласале 48-годишниот Ли Џае-јонг, синот на првиот човек на компанијата Ли Кун-хиј и внук на бизнисменот и основач на Самсунг Ли Бјунг-чул да го преземе водството.
Ли кој се школувал на Харвард, е поставен на чело на бордот директори после проблемите со повлекувањето на телефонот модел Galaxy Nоte 7 поради самозапалување.
Се верува дека Ли Џае јонг донесува одлучувачки одлуки во компанијата откако неговиот 74-годишен татко, имал срцев удар во 2014.
