Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се санираат штетите во дојранскиот регион

Ќе се санираат штетите во дојранскиот регион

Големите штети од невремето што го погоди дојранскиот регион, Општина Дојран има во план да ги  санира, сепак приоритет ќе се даде на објектите од витален карактер.

Поројниот дожд и град, како и силниот ветер кој дуваше со брзина од над сто километри на час, го откорнаа лимениот покрив на една четирикатница во Нов Дојран, но нема повредени иако големи делови од покривот прелетале преку патот што поминува низ центарот на Нов Дојран. Од удар на гром, црквата „Св. Ѓорѓи Великомаченик“ остана без камбанаријата која е целосно оштетена.

Отец Ѓорги изјави дека штетата е огромна и дека треба што поскоро да се пристапи кон санација на камбанаријата. Повеќе од три часа беше во прекин и сообраќајот меѓу Дојран и Николич поради големите количини вода кои го пресекоа патниот правец.

Слично

Поврзани вести