Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се отвори нов граничен премин со Косово

Ќе се отвори нов граничен премин со Косово

Падна договор за отварање нов граничен премин со Косово. Денеска на преминот Глобочица, на косовската страна македонската министерка за внатрешни работи  Гордана Јанкулоска и косовскиот министер Бајрам Реџепи се договорија да биде отворен меѓународниот граничен премин Белановце-Станиќ.

По потпишавњето на договорот, Јанкуловска истакна дека отворањето нови гранични премини претставува и нов мост за соработка.

„Овој договор за отворање на нов меѓународен граничен премин најмногу ќе им биде од корист на граѓаните на двете држави од пограничните области, но и од целата територија и ќе придонесе за поголема мобилност и поголема размена во делот на економијата и секојдневниот живот на граѓаните“,додаде Јанкулоска.

Задега нема информации кога точно новиот премин целосно ќе профункционира, а според Јанкулоска сега владите на двете држави ќе треба да ја направат инфраструктурата и да создадат услови за работа.

И за косовскиот министер Реџепи, новиот премин е добар чекор напред.

„Оваа идеја е од пооодамна од 2008, 2009 година и на крај ја финализиравме со потпишување на договорот. Финасирањето ќе биде од ЕК и големо значење е што тој ќе биде меѓународен премин од А категорија како основа за слободно движење на луѓето и стоките. Ова е во согласност на начелата на ЕУ за слободно движење, а тоа е добро за граѓаните од таа пограничната зона на кои им требаа повеќе километри да дојдат до постојните гранични премини Јажинце и Елезан. На овој начин се спречува и нелегалното преминување во тој планински предел“, изјави Реџепи.

Слично

Поврзани вести