Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се наплаќа за влез и престој во националните паркови

Ќе се наплаќа за влез и престој во националните паркови

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми треба да ги соопшти  одлуките на националните паркови Маврово, Галичица и Пелистер за определување на висината на надоместоци.

Со кои точно ќе бидат дефинираат формите и категориите на надоместоците кои ќе треба да се плаќаат при влез и престој или при одредени дејства во паркот. Од плаќање  надоместоци се ослободени лицата кои имаат живеалишта на подрачјето на национален парк.

- Во областа на заштита на природата, со ова практично се имплементира начелото „корисникот плаќа“, а собраните средства ќе се користат исклучиво за унапредување и заштита на националните паркови од кои потекнуваат, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерот Адеми треба да ги промовира и седумте нови професионални водичи во планина, кои по завршената обука стекнале  професионални лиценци, како и опремата што тие ќе ја користат.

Слично

Поврзани вести