Ќе јадеме повеќе месо и млеко, а помалку ориз и житарки?
Глобалното земјоделство се повеќе ќе се движи кон производство на месо и млеко, а ќе се оддалечува од производство на ориз и житарки, проценува Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).
Така, во наредните десет години светското производство на месо ќе се зголеми за 58 милиони тони, а 80 отсто од тој раст ќе доаѓа од земјите во развој, покажуваат податоците од заедничкиот извештај на ФАО и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Како резултат на ова, цените на месото, млекото и рибата ќе растат, додека цените на житарките ќе продолжат да паѓаат во наредните две години, за да потоа се стабилизираат на нивоа на кои беа пред кризата од 2008 година.
Најмногу ќе расте производството на месо од живина, кое ќе сочинува 50 отсто од вкупното производство, но и на свинско месо (30 отсто). Причина за зголемената употреба на живината е фактот што ова месо е евтин извор на протеини и не е подложно на верски или културолошки забрани. Само кинеската популација ќе сочинува половина од глобалниот раст на конзумацијата на месо.
Најголем дел од растот на земјоделското производство ќе доаѓа од Азија и Латинска Америка што ќе ја зајакне нивната позиција на светскиот пазар, предвидува ФАО.
Слично
