Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе биде ли ликот на Мајка Тереза на новите банкноти?

Ќе биде ли ликот на Мајка Тереза на новите банкноти?
Македонската Влада размислува ликот на големата хуманистка Мајка Тереза да се најде на една од новите банкноти, а Коридорот 8 да го носи нејзиното име, пренесува Утрински. - Веќе ги изгравиравме некои од најдобрите цитати и пароли на Мајка Тереза на бронзени плочи кои ги поставивме на прометни улици и згради, со цел секој минувач да научи нешто од нив. Веќе поставивме 17 такви плочи низ Скопје и во наредниот месец ќе инсталираме уште 22. Ќе го спорведеме истиот проект и во Македонија, изјавил претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, за индискиот весник "Тајмс оф Индија". Како што пишува весникот, македонскиот премиер изјавил и дека Коридорот 8 би можел да го носи името на големата хуманистка. „Еден од најважните автопатишта во регионот, долг околу 300 километри е именуван по Мајка Тереза. Тој го поврзува Скопје со Бугарија и со Албанија. Дел од него веќе постои, а дел ќе треба да биде доизграден до 2017 година“, вели премиерот за „Тајмс оф Индија“.
Слично

Поврзани вести