Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кираца Трајковска ги продаде акците од Фершпед!

Кираца Трајковска ги продаде акците од Фершпед!
Кираца Трајковска ги продаде акците од Фершпед . Според соопштението на Македонска берза, акциите на Трајковска ги купи Друштвото за инвестирање и консалтинг „Консалтинг инвестментс син“ ДООЕЛ Скопје Трајковска поседуваше 10,63% од основната главнина на компанијата или 1.925 обични акции. „Согласно член 38, точка 1 од правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Фершпед АД Скопје известува дека друштвото за инвестирање и консалтинг Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ Скопје се стекна со 2.155 обични акции, односно 11,90 % од основната главнина на друштвото,“ се вели во берзанското соопштение. Изминатиот период се водеше битка за превласт во Фершпед. Компанијата во меѓувреме стана мнозински сопственик на Лотарија на Македонија АД Скопје, а акциите скокнаа над 3 илјади евра. Вонредно акционерско собрание беше закажано за 10-јануари следната година.
Слично

Поврзани вести