Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кино-искуство во вашиот дом со Samsung Neo QLED и OLED телевизорите

Кино-искуство во вашиот дом со Samsung Neo QLED и OLED телевизорите

Новите иновативни технологии во модерното живеење овозможија филмската уметност да ја доживуваме во целост од удобноста на сопствениот дом. Денес кино платното често пати луѓето го заменуваат со големите телевизори во домот, а идеалните уреди за тоа доаѓаат од Samsung и неговите Neo QLED TV иOLED TV од многу инчи.

Со Neo QLED TV и OLED TV, телевизорот станува повеќе од уред за гледање содржини. Се трансформира во елемент кој ја дефинира естетиката и функционалноста на вашиот дом. Преку внимателен избор на големина, позиционирање, осветлување и организација, телевизорот станува составен дел од дизајнот, притоа обезбедувајќи незаборавно доживување при гледањето. Новите модели од Neo QLED телевизори (2023) можете да ги имате во големини до 85 инчи, додека OLED TV до 77 инчи, обезбедувајќи ви вистинско кино искуство во удобноста на вашиот дом.

Многу повеќе од само телевизор во дневната соба

77” OLED 4K S95C е елегантен, и неверојатно тенок, без рамки и е најтенкиот профил досега благодарение на прекрасниот Infinity Oneдизајн. Брилијантниот квалитет на 4K слика е надополнет со 20 различни невронски мрежи кои гарантираат дека навистина ја чувствувате моќта на 4K резолуцијата. Иновативната Samsung OLED технологија ги овозможува најтемните длабоки црни, најчистите бели и сите нијанси на бои со помош на најнапредните самоосветлени пиксели напојувани со квантни точки. За подобро аудио искуство тука е технологијата Dolby Atmos, која секој детал ќе го слушате со неверојатна јасност и длабочина, без разлика колку дејствија се случуваат на екранот. Алатката OTS+ (Object Tracking Sound) со  помош на вештачка интелигенција ја анализира секоја сцена и при тоа го наоѓа најоптималниот звук следејќи го движењето на објектот на екранот за целосно живописно, тридимензионално аудио искуство. Со звучниците кои го следат движењето низ екранот, можете да доживеете реален 3D звук што ве става во центарот на сцената. И сето ова се случува на импресивните 195 сантиметри (77 инчи) на овој премиум телевизор.

Neo QLED телевизорите го трасираа патот до врвната технологија за прикажување и поставија нови стандарди за гледање. Со најновата технологија за зголемување на резолуцијата и напредните функции, во срцето на беспрекорниот Neo QLED 8K екран е 8K Neural Quantum Processor, кој управува со бројни невронски мрежи и алгоритми, користи вештачка интелигенција и технологија за машинско учење за да направи секој детал да блеска на вашиот екранот. Таков телевизор е QN900C Neo-QLED TV со кој вашиот простор ќе го внесе во иднината. Квалитетот на сликата обезбедува совршена црна боја и бесконечен сооднос на контраст и поголемо осветлување што создава неверојатна јасност и деталност на сликата на екранот. Длабоките црни, чисти бели и богати, живописи бои ќе ве остават без зборови, додека воедно, овој телевизор е првиот во светот кој има добиено потврда од Pantone, проверен симбол за точност на боите. Функцијата EyeComfort ќе ги оптимизира осветленоста и боите на екранот по зајдисонце, што ви го олеснува одморот на очите.

Платформата Samsung Knox – синоним за сигурност и заштита

Новата технологија денес значи и дека голем дел од вашите податоци, покрај мобилните телефони, се наоѓаат и во вашиот телевизор. Сепак, компанијата Samsung имајќи го ова предвид, ја вклучува платформата Samsung Knox која е една од софтверските карактеристики со кои дефинитивно може да се пофалат Samsung Neo QLED TV и OLED TV. Придобивките што оваа платформа им ги носи на корисниците се првенствено повеќеслојна заштита која ги зачувува вашите податоци како што се PIN-кодовите, други кодови и лозинки. Исто така, сите други уреди поврзани со вашиот омилен телевизор се безбедни, додека истовремено сте заштитени од злонамерни напади, бидејќи оваа платформа автоматски ги блокира таквите дејства и пристапот до сајтовите за „фишинг“. Покрај целосната безбедност,  Samsung го оптимизира и вашиот уред преку редовни ажурирања, ревизии и следења за да имате целосно искуство.

SmartThings ви нуди паметен дом

Посветеноста на компанијата Samsung се зголемува од година во година, така што продолжиува и развојот на интуитивната технологија дизајнирана да ги задоволи потребите на своите корисници. Платформата SmartThings, како уште една придобивка на уредите Samsung, овозможува беспрекорна интеграција и поврзување на повеќе уреди, додека безбедноста останува главен приоритет, што им олеснува на корисниците да создадат навистина персонализирано искуство што одговара на нивните преференции и потреби. Штом го поврзете вашиот телефон со телевизорот преку платформата SmartThings, не само што ќе можете од телефонот да ги давате сите команди за ваше уживање во филмската вечер, туку на големиот екран од телевизорот ќе можете да ги следите и сите други апарати од вашето домаќинство кои се врзани со оваа апликација.

Погледнете ги моделите на Neo QLED и OLED телевизори на следиве линкови:

https://www.samsung.com/mk/tvs/?neo-qled

https://www.samsung.com/mk/tvs/all-tvs/?oled

https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95c-77-inch-oled-4k-smart-tv-qe77s95catxxh/

https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn800c-85-inch-neo-qled-8k-smart-tv-qe85qn800ctxxh/

ПР објава

Слично

Поврзани вести