Кинезите не смееја да ја видат оваа фотографија на Путин и кинеската „прва дама“
Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) беше отворен со голем огномет во Пекинг, а за време на настанот рускиот претседател Владимир Путин кавалерски ја нагрна со ќебе Пенг Лијуан, сопругата на неговиот кинески колега Кси Џинпинг.
Таа со насмевка го прими џентлменскиот потег на Путин, но набрзо потоа го симна ќебето и му го подаде на еден од своите помошници. Снимките од овој настан веднаш станале интернет сензација, а биле прикажани и на кинеската државна телевизија.
Но, до утрово од нив речиси не остана ништо, бидејќи кинеските државн цензори се погрижија содржината оценета како „несоодветна“ да ја тргнат од медиумите.
Ова не е првпат Путин да направи ваков кавалерски гест - на ист начин со ќебе ја нагрна и германската кацеларка Ангела Меркел на свеченоста за самитот на Г20 во Санкт Петерсбург минатиот септември.
Слично
