Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинезите изгубија, ништо од Фејсбук храна и пијалоци

Кинезите изгубија, ништо од Фејсбук храна и пијалоци

Кинезите сепак нема да можат да угасат жед, со пијалок со име Фејсбук, на основа на судска одлука од Пекинг.

Судот во Пекинг забрани на една кинеска компанија своите пијалоци и храна да ги нарекува Фејсбук, затоа што тоа би било копирање на брендот на најпознатата друштвена мрежа. Компанијата уште во 2011 година побарала од судот дозвола за да може одредени пијалоци и храна да ги именува како Фејсбук.  Барањето е одбиено затоа што ги крши правилата на фер пазар. Од Фејсбук не сакаат да го коментираат случајот. Меѓутоа, Епл ја изгуби битката во слична битка за да спречи неговиот знак да го користат кожни производи во Кина.

Слично

Поврзани вести