Килограм пченица годинава ќе се откупува за 14 денари
Според препораката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, просечната откупна цена за пченицата од оваа реколта ќе изнесува 14 денари за килограм. Цената ќе варира нагоре или надоле врз основа на нејзиниот квалитет, посочуваат од Министерството.
Ваквата препораката следи по одржаниот состанок со купците на брашно и жито и со производителите на пченица, каде се дискутирало за условите на откупот на пченицата и нејзината откупна цена.
Како што соопштија од ресорното министерство, со препорачаната цена се согласиле претставниците и на мелничко-пекарската индустрија и производителите.
Слично
