Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кил победи, но Вардар меѓу најдобрите четири

Кил победи, но Вардар меѓу најдобрите четири

Благодарение на повеќе постигнати погодоци на гостински терен Вардар оди на фајнал-фор во ракометната Лига на Шампиони, откако загуби во Јане Сандански со 27-28 против големиот Кил во драматичен и исцрпувачки реванш-натпревар од четвртина-финалето.

Црвено-црните одат понатаму само поради победата на гости од еден гол разлика и повеќе постигнати голови како гостина во „Шпаркасе арена“.

Со два гола на Нилсон бундеслигашот израмни на 15-15 во второто полувреме. Сепак, се разигра Вуко Борозан, кој беше најдобар стрелец на натпреварот со шест погодоци. Во овој период се истакнуваше и Мораеш кој ја тресеше мрежата, изнудуваше седмерци и исклучувања кај противникот. Голманот Штербик имаше клучни одбрани од седмерец и добро ги затвораше аглите. Тимур Дибиров се истакна кога најмногу требаше со два гола по ред за 20-17 и 21-17. 

Тоа воедно беше и највисокото водство на европскиот првак во текот на натпреварот, но германскиот великан не мислеше да се откаже. Драмата се чини дека ја заврши џинот Криштопанс со својот четврт гол на мечот за 27-26. Тогаш Кил иако се трудеше да прави брзи напади, а истовремено Вардар грешеше, се чинеше дека нема да има време за нив да направат пресврт во последните моменти.

Слично

Поврзани вести