КХЗ: Брокер од „Пеон Брокер“ доби забрана за работа
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) на вчерашната седница на овластен брокер од брокерската куќа „Пеон Брокер“ АД Скопје му изрече привремена забрана да врши работи со хартии од вредност за кои има добиено дозвола од Комисијата во рок од 30 дена.
Причина за ваквата мерка е кршење на Законот за хартии од вредност и на Правилата за тргување на Берзата, а неправилностите се утврдени при вонредна контрола на работењето на брокерската куќа „Пеон Брокер“ АД Скопје, спроведена по поплака од клиент.
Како што соопшуваат од КХБ, брокерот во текот на својата работата строго не се придржувал кон инструкциите дадени од клиентот, непотребно одложувал извршување на налог иако условите на пазарот на хартии од вредност дозволувале негово реализирање и не ги почитувал актите на саморегулирачката организација каде што членува.
Слично
