Кејт Мидлтон повторно е бремена, кралското семејство чека уште една принова
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, повторно е бремена, а британското кралско семејство чека уште една принова, објавија британските медиуми, кои успеале да добијат потврда за информацијата.
„Кралските височества војводата и војвотката од Кембриџ го очекуваат второто дете. Кралицата и членовите на нивните семејства се пресреќни заради оваа вест“, стои во официјалното соопштение од британското кралско семејство.
Принцезата, како и при првата бременост, има утринска мачинина, а за нејзиното здравје постојано ќе се грижи лекар. Според некои информации, Кејт уште не влегла во третиот месец од бременоста, но токму заради честите мачнини откажала многу од обврските, па медиумите откриле дека таа очекува уште едно бебе иако кралскиот пар сакал веста уште некое време да се држи во тајност.
Кралскиот пар веќе го има синот Џорџ, кој се роди на 22 јули минатата година. Војвотката од Кембриџ се породи во приватното крило на болницата во која и принцезата Дајана го роди Вилијам и неговиот помлад брат Хари.
Слично
