Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе стартува примена на софтвер за откуп на земјоделски производи

Ќе стартува примена на софтвер за откуп на земјоделски производи

Догодина треба да започне примена на софтверот за откуп на земјоделски производи.

Ова го најави министерот за земјоделство, Михаил Цветков. Според него, решението е готово и дадено им е на увид на сите инволвирани страни за сугестии и предлози.

„Софтверското решение е готово. Ќе го добијат преработувачите, земјоделците и воопшто сите вклучени во процесот. Во наредниот период ќе чекам нивни сугестии. Со софтверското решение предвидено е да имаме целокупна евиденција на сите преработувачи кои се запишани во единствениот регистар на земјоделски производства и на сите земјоделци кои се запишани. Во секој момент ќе имаме информација колку е продадено, по која цена, колку е платено и дали е платено“ -  објасни министерот Цветков.

Со ова картонските белешки ќе станат минато со примената на електронската евиденција, со која предвидена е и банкарска гаранција во преработувачката индустрија.

Слично

Поврзани вести