Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се воведе неделна откупна цена на доматите?

Ќе се воведе неделна откупна цена на доматите?

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Михаил Цветков на вчерашната средба со струмичките земјоделци предложил воведување неделни откупни цени.

На овој начин со законска измена ќе се спречат манипулациите на трговците. Цветков информирал дека ќе биде разгледан предлогот за субвенционирање на предаден домат во период кога има ниска откупна цена.

Според МЗШВ, земјоделците најмногу се пожалиле на манипулациите на трговците кои дневно ја намалуваат цената на доматите и другите градинарски производи поради што Цветков сугерирал измена на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, и воведување неделни откупни цени со што ќе се стесни просторот за секојдневно нарушување на пазарот. Тој објаснил дека Македонија како членка на ЦЕФТА и на други меѓународни организации не може да воведе забрана за увоз на домати од Албанија, Турција и Грција без да има последици и санкции врз вкупната трговска размена со овие земји.

Идната недела во Министерството за земјоделство ќе се одржи заеднички состанок со поголемите производители на земјоделски производи, откупувачи и преработувачи на зеленчук на кој ќе се разговара за сите прашања, а пред се за навремено потпишување договори за откуп со дефинирани цени по класи и производи.

Слично

Поврзани вести