Ќе се шокирате: Колку вреди еден работен час на македонски работник, а колку на Дански?
Истражувањето колку во 2014 година по час изнесува работното време на работодавачите го спроведе Евростат. Просечен трошок за час работа на ниво на Европската унија е 24,60 евра а најниското е во Бугарија, дури 3,80 евра.
Просечен трошок на работен час во Хрватска лани изнесувал 9,40 евра или 71,70 куни, покажуваат најновите податоци на евростатичарите.
Хрватска по тоа се наоѓа во долниот дел на листата на ЕУ и значајно под просекот на нивото на Европската унија, кој во 2014 изнесувал (за нив недостижни) 24,60 евра на час. Повеќе или помалку ист трошок на ангажирање на работната сила по час како и Хрватска лани имале и Чешка и Словачка.
Помали трошкови на работната сила од оние во Хрватска бил во Полска, Унгарија, Латвија и Литванија, Романија и Бугарија, земјата која со цена од работа за час од само 3,80 евра имала најниски трошоци за ангажирање на работна сила во ЕУ. Од друга страна највисока цена на час за работа во ЕУ минатата година имаше Данска, дури 40,30 евра, додека меѓу членките од зоната на еврото работата била најскапо платена во Белгија, 39,10 евра по час.
Македонија не се најде на оваа листа поради тоа што не е членка на Европската унија, но последните податоци за нашата земја покажуваат дека македонските работници се најконкурентни во Европа и работодавачите ги чинат најмалку пари.
Имено, газдите во Македонија плаќаат во просек 3,2 евра за час работа, додека како што споменавме на почетокот во Европа овој просек е 24.
Сепак најскапо платени се работниците на Норвешка кои добиваат по 48 евра на час.
Ќе ги покачи ли минималецот сите плати?
Според податоците на Државниот завод за статистика цените за труд кај нас бележат разлики во приватниот и во другите сектори.
Така на пример во приватниот сектор цената на работа за час пониска и изнесува 181 денар или 2,94 евра, а во другите сектори чини 239 денари или 3,88 евра.
Синдикалците пак, децидни, сметаат дека преку етапно зголемување на минималната плата ќе пораснат сите плати во земјава.

