Ќе се најде пласман за арпаџикот од Бразда
Владата ќе помогне за наоѓање пласман за арпаџикот, кој се произведува во селото Бразда.
За таа цел формирање задруга ќе добијат земјоделците од скопското село Бразда и околните села во општина Чучер - Сандево.
За добивање на потребната декларација и регистрација на семенскиот материјал, ќе следи формирање земјоделска задруга, која во првите години ќе биде финансиски поткрепена и поддржана од Владата.
„За да може да се регистрира семето, за да можете нормално да продавате на пазар и да нема проблем ниту Инспекторатот кога ќе дојде да види дали се спроведува Законот за семе и саден материјал, за да нема казнување, ќе формираме земјоделска задруга„- кажа заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.
Покрај продажба на арпаџикот, земјоделците ќе може да земат и субвенции.
Слично
