Ќе се гради нова социјална зграда во Кочани
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор-Подружница Кочани ќе гради станбена зграда со 43 стана наменета за социјални случаи.
Станбената зграда ќе биде лоцирана на улица „Ѓорче Петров“ во населбата Калиманова глава непосердно до веке изградената прва ламела од станбените блокови во оваа населба.
„Подготовките се веќе отпочнати, изготвена е проектната документација. Во новата станбена единица ќе има 43 стана кои ке бидат наменети за корисници на социјална и друга помош“, изјавил Анче Трифунов, раководител на Подрачната единица на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Кочани.
Трифунов информираше дека е започнат со реализација и проектот на Владата за изградба на индивидуални куќи наменети за социјални случаи.
„Вакви куќи по пет ќе градиме во општините Кочани, Виница и Делчево.Обезбедена е локацијата останува да се докомплетира документацијата и да се отпочне со изградба“, истакнал Трифунов.
Инаку, во општините Виница и Пехчево, ќе се градат и по една станбена зграда со вкупно 73 социјални стана, пишуваат алфатв.
