Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ПАДНЕ ЗДЕЛКА: Формула 1 веќе е американска

ЌЕ ПАДНЕ ЗДЕЛКА: Формула 1 веќе е американска

Формула 1 веќе е американска.

Медиумската компанија од САД „Liberty Media“ потврди дека ќе има договор за компанијата, организатор на трките - „Delta Topko“.

Зделката се проценува на над 8 милијарди долари - 4,4 милијарди долари во кеш, плус преземање на долговите на Формула 1 за над 4 милијарди долари.

Основачот на Формула 1 Берни Еклстоун ќе остане извршен директор на компанијата. Новите сопственици сепак го именуваат за претседател на одборот Чејс Кери, досегашен потпретседател на „21st Century Fox“.

Предвидено е првично „Liberty Media“ да стекне 18,7% од „Delta Topk“o и етапно да откупи 100% од капиталот на компанијата.

По завршувањето на трансакцијата, која треба да биде одобрена од регулаторите на конкуренцијата, новата компанија ќе се преименува во „Formula 1 Group“.

„Liberty Media“, основана од милионерот Џон Мелоун, е меѓународна телевизиска компанија, која оперира во повеќе од 30 земји ширум светот.

Слично

Поврзани вести